Во првиот денешен натпревар од НБА лигата, силите ги одмерија Атланта Хокс и Шарлот Хорнетс. Атланта водеше во поголемиот дел од натпреварот, но на крај Шарлот избори продолжение откако после регуларниот дел, резултатот изнесуваше 122-122. Бројките на семафорот беа изедначени и после првото продолжение, а после вторите дополнителни минути, Атланта излезе како победник со 143-138. Со четириесет поени, најефикасен на мечот беше Тери Розиер од редовите на Шарлот. За Атланта, Тре Јанг и Џон Колинс забележаа дабл-дабл учинок.
Шарлот го запиша четвртиот пораз на последните пет натпревари, а Атланта ја прекина својата негативна низа од три врзани порази. На табелата од Источната конференција, Шарлот се наоѓа на десеттото, а Атланта на четиринаесеттото место.



