Далас Старс, во својот „Американ Ерлајнс Центер“, ги дочекаа Нешвил Предаторс во неизвесен натпревар. Имено, Нешвил славеше со минимален резултат од 0-1 благодарение на голот на Рајан Елис. Најзаслужен за триумфот на Предаторс беше голманот Јуусе Сарос со неверојатни триесет и седум одбрани. Финецот покажа дека добро се справува со Далас и пред два дена кога Нешвил повторно славеше со „шут-аут“ од 2-0.
Предаторс токму со овие победи ја прекинаа својата негативна низа од три порази, а воедно ја продолжија серијата на Далас којашто сега брои пет порази. На табелата на Западот, Далас е третопласиран, а Нешвил е осмопласиран тим. Нешвил е еден од петте тимови кои се борат за последните две позиции во плејофот, а се наоѓаат во разлика од два поени.



