Во рамките на 16. коло од Втора лига Исток во локалното дерби помеѓу Кожув Гевгелија и ГФК Осогово доби неочекуван публицитет и внимание во спортската јавност од причини што гостинската екипа се огласи и го обвини главниот судија Никола Иванов за досуден непостоечки пенал за домашната екипа кој што удар од белата точка успешно го реалзира Никола Костадинов.
,,Имено во таа 43. минута од Осогово сметаат дека најпрвин имало недосуден фаул на средината на теренот врз нивни играч, а потоа од таа ситуација произлезе корнер во кој што домашната екипа неичекувано и на сомнителен начин доби пенал кој што беше успешно реализиран” – оваа констатација ја презентираат преставниците од Кочани.
Ударот од белата точка успешно го реализира Никола Костадинов:
Фото и извор: GFK Osogovo



