Синоќа се соочија екипите на Бостон Бруинс и Тампа Беј Лајтнинг што претставуваше дерби на денот. Натпреварот го потврди овој епитет со бројот на головите, но и со бројот на физички пресметки помеѓу играчите. Тампа Беј победи со 3-5, а головите ги постигнаа Ентони Сирели, Михаил Сергачјов, Седрик Пакет, Александер Килорн и Никита Кучеров. За Бостон, стрелци беа Чарлс МекАвој, Шон Курали и Давид Пастрнак.
Со оваа победа, Тампа Беј ја прекина серијата на Бостон од четири врзани победи одмаздувајќи се за поразот од 1-2 претрпен пред само четири дена. На табелата, Бостон останува прв, а Тампа Беј останува втор тим на Истокот.



