Екипата на Вашингтон Капиталс, на гостински терен, успеа да ги совлада домаќините Питсбург Пенгуинс со резултат од 2-5. Гостите, на почетокот на третиот период, водеа со 0-4 преку головите на Ник Дауд (х2), Никлас Бакстром и Ричард Паник. Во наредните десетина минути, Пенгуинс намалија на 2-4 преку Сиднеј Кросби и Евгени Малкин. На седум минути до крајот, Ти Џеј Оши го постави конечниот резултат.
Со оваа победа, Вашингтон го прекина својот негативен низ од два порази, а воедно ја прекина и серијата на Питсбург од две последователни победи. На табелата, Вашингтон е третопласиран, а Питсбург петтопласиран тим во Источната конференција.



