Во „Куќа на фудбалот“ беа извлечени паровите за полуфиналето од Купот на Македонија. Актуелниот освојувач на трофејот, тимот на Академија Пандев во полуфиналето ќе се соочи со екипата на Брегалница. Шкендија – Струга Трим Љум е втората полуфинална двојка.
Полуфинални парови од Купот на Македонија:
Академија Пандев – Брегалница
Шкендија – Струга Трим Љум
Првите натпревари се закажани за 8. април, додека реваншите на 6. мај.



