Дербито на денот во НБА лигата беше одиграно во „Тојота Центер“ во Хјустон каде што домашните Рокетс ги пречекаа гостинските Клиперс од Лос Анџелес. Клиперс водеа во речиси цел тек на натпреварот, а во третата четвртина, разликата порасна на дваесет и девет поени. До крајот, Хјустон успеа да ја преполови предноста за конечен резултат од 105-120. Најефикасен играч на натпреварот беше Расел Вестбрук (Хјустон) со дабл-дабл учинок составен од дваесет и девет поени, петнаесет скокови и пет асистенции. Од победничката екипа, Каваи Ленард со дваесет и пет поени беше најдобар стрелец. Хрватот од редовите на Клиперс, Ивица Зубац, исто така стигна до дабл-дабл уфрлувајќи седумнаесет поени и дванаесет скокови.
Хјустон го запиша вториот пораз во низа и првиот на домашен терен после 10 февруари кога загуби од Јута (113-114). ЛА Клиперс стигна до шестата победа во низа. На табелата, Клиперс (43-19) се второпласирани, а Хјустон е четвртопласиран (39-22).



