ЛеБрон Џејмс со својот дабл-дабл учинок од 22 поени и 14 асистенции беше еден од клучните играчи во победата на ЛА Лејкерс над Филаделфија 76ерс со резултат од 120-107. Сепак, освен неговата маестрална партија, во сеќавање ќе остане и неговиот прецизен шут од центарот после кој неговите соиграчи го ,,чистеа” паркетот.



