Синоќа беше одиграно дербито на Истокот помеѓу двете првопласирани екипи – Тампа Беј Лајтнинг и Бостон Бруинс. До победата од 1-2 дојде екипата на Бостон благодарение на головите на Бред Маршанд и Џејк ДеБраск. Тампа Беј, до крајот успеа само да постигне почесен погодок преку Мичел Стивенс. Тензијата, главниот елемент на секое дерби, ескалираше кон крајот на втората третина кога физички се пресметаа Јани Гурд (Тампа Беј) и Јоаким Нордстром (Бостон).
Ова е прва победа за Бостон на меѓусебните дуели уште од 1 март 2019 односно после претрпените четири порази. За Бруинс, исто така, ова е и трета победа во низа што ги осигура на врвот на конференцијата со девет поени предност во однос на второпласираниот тим на Тампа Беј кој има само една победа на последните шест натпревари.



