Екипите на Њу Јорк Никс и Хјустон Рокетс, синоќа се соочија по втор пат сезонава. На првиот меѓусебен натпревар, Хјустон на домашен терен беше поубедлив со 123-112. Сепак, на вториот натпревар тоа не беше повторен случај. Имено, Њу Јорк имаше резултатска контрола речиси над цел натпревар и славеше со 125-123 во трилер завршница. Џејмс Харден (Хјустон) беше најефикасен играч на натпреварот со триесет и пет поени, два скокови и осум асистенции. Од победничкиот состав, најефикасен беше Канаѓанецот АрЏеј Берет кој го израмни својот личен рекорд за најмногу постигнати поени односно дваесет и седум, придружени со по пет скокови и асистенции.
Хјустон, со овој пораз, ја прекина својата серија од шест врзани победи, но останува на четвртото место во Западната конференција. Од друга страна, Њу Јорк ја запиша втората последователна победа со која изби на тринаесеттата позиција на Истокот.



