Колорадо Аваланш е второпласираниот тим на Западот кој предаторски се бори за првата позиција во својата конференција. Синоќа, хокеарите од Денвер, гостуваа во Детроит кај Ред Вингс кои се последни во Источната конференција. Како формата, така и позициите на табелата наведуваа дека огромен фаворит во пресрет на дуелот е Колорадо. Сепак, гостите се намачија на ова гостување и успеаја да слават со минимални 1-2. Најпрво, Детроит поведе преку Ентони Манта, а во продолжение, Колорадо направи пресврт со головите на Владислав Наместников и Логан О’Конор.
Колорадо ја запиша својата седма победа во низа и се доближи на само поен заостаток во однос на првопласираниот тим на Ст. Луис Блуз. Детроит, пак, останува на последното место со очајната форма од само три победи на последните дваесет дуели.



