Последното натпреварување кое се оддржа во Хинтерштодер, Австрија, беше велеслалом во машка конкуренција. После првата серија, најбрз беше Алексис Пантуро кој имаше речиси една секунда предност пред второпласираниот Филип Зубчиќ и 1,12 секунди подобро време во однос на третиот Жан Крањец. Во втората серија, Пантуро и Зубчиќ (+0,45) си ги задржаа своите позиции, а на третото место заврши Хенрик Кристоферсен (+0,72) кој беше шестопласиран после првото скијање. Марко Одермат (+0,90) и Лука де Алипрандини (+1,21) завршија на четвртото и петтото место. Пласманот во првите десет го заокружија Александер Омот Килде (+1,34), Лоик Мејар (+1,60), Штефан Луитц (+1,67), Леиф Кристијан Хауген (+1,69) и Матие Февр (+1,69). Лоик Мејар ја искија најдобрата втора серија која му помогна да напредува цели петнаесет позиции.
Алексис Пантуро го освои кристалниот глобус во алпска комбинација по втор пат во низа откако славеше на вчерашното натпреварување токму во Хинтерштодер. На останатите две натпреварувања од оваа дисциплина, Французинот забележа победа во Бормио и второ место во Венген.



