Борко Ристовски и Марко Мишевски до крај на сезоната во дресот на Вардар
Двајца играчи од денеска ќе бидат на располагање на тренерот Стевче Алушовски и до крајот на сезоната ќе го носат дресот на Вардар. На голманската позиција доаѓа репрезентативецот на Македонија, Борко Ристовски, а на бековската позиција „старо-нов“ играч е Марко Мишевски.
И двајцата и во минатото беа дел од Вардар, а сега потпишаа договор за соработка до крај на оваа сезона. И двајцата денеска ќе го имаат првиот тренинг со екипата.



