Исклучително важен дуел кога е во прашање пласманот во плејоф, синоќа одиграа екипите на Њу Јорк Ренџерс и Филаделфија Флаерс. Двете екипи се во вклучени во борбата за плејоф, а Њу Јорк Ренџерс се во доста полоша ситуација. Ситуацијата дополнително им се отежна синоќа кога Филаделфија славеше со 3-5. Гостите, веќе на почетокот на втората третина, поведоа со 0-4 откако во листата на стрелците се запиша Дерек Грант кој го постигна првиот гол за својот нов тим откако во трејд периодот го напушти Анахајм. Првите три гола паднаа во првата третина – два од нив беа „пауер-плеј“ голови (Мет Нисканен и Шон Кутурие), а еден беше „шорт-хендед“ (Микаел Рафл). Кон средината на вториот дел, Ренџерс намалија на 1-4 преку Мика Зибанеџад, а само три минути подоцна, Тревис Конечни зголеми на 1-5. Во третиот дел, Ренџерс во потполност ја преземаа иницијативата, но успеаја само да намалат на 3-5 кој на крај се покажа како конечен резултат. Двата гола во последната третина беа „пауер-плеј“ голови постигнати од Павел Бучневич и ,по втор пат на мечот, Мика Зибанеџад.
Ситуацијата на табелата во Источната конференција е таква што Филаделфија е четвртопласирана екипа, а Ренџерс ја заземаат десеттата позиција и се на само четири поени заостаток од осмото место кое обезбедува плејоф.



