Екипата на Вегас Голден Најтс, синоќа, на домашен терен, ја пречека последнопласираната екипа на Запдот – ЛА Кингс. Освен позицијата на табелата и домашниот терен, фаворизирачки фактор за Вегас беше и серијата од осум последователни победи во пресрет на овој дуел. Сепак, „Златните витези“ не ја оправдаа фаворитската улога, напрвотив, беа поразени со резултат од 1-4. Головите паднаа во првите две третини, а Вегас после првите дваесет минути водеше со 0-2 благодарение на Словенецот Анже Копитар кој двапати го совлада Марк-Андре Флери – голманот на Вегас. Во средишниот дел на втората третина, Тревор Луис со одлична „спин-о-рама“ ги однесе Кингс во позитива од 0-3. Три минути подоцна, Шеј Тиодор намали на 1-3, а Алекс Иафало ги постави конечните 1-4 во последната минута од вториот дел.
Покрај победата, ЛА Кингс остануваат на последното место, додека Вегас е четвртопласирана екипа, со бод заостаток во однос на третопласираниот Далас.



