Екипата на Питсбург Пенгуинс се наоѓа во тешка резултатска криза. Популарните „Пингвини“, синоќа го запишаа и шестиот последователен пораз. Тимот на Сан Хозе Шаркс, кој во пресрет на натпреварот беше сметан како аутсајдер, успеа да слави со убедливи 5-0. „Ајкулите“ од Калифорнија постигнаа еден гол во првата и по два гола во втората и третата третина. Во листата на стрелците се запишаа пет различни играчи односно Евандер Кејн, Тимо Мајер, Јоел Келман, Логан Кутур и Џоу Торнтон.
Сан Хозе ја запиша својата втора врзана победа откако пред два дена славеа над Њу Џерси Девилс, но сепак останува на претпоследната позиција на Западот. Питсбург, заради лошата серија, падна на петтото место на Истокот и има само пет поени предност во однос на тимовите кои се наоѓаат надвор од плејоф зоната.



