Екипите на Хал и Лидс го отворија 36. коло од англискиот Чемпионшип. Лидс доминираше преку цел натпревар, а тоа го круниса со победата од 0-4. Стрелци на головите беа Лук Ејлинг (5′), Пабло Ернандез (47′) и Тајлер Робертс (81′ и 84′). Деби на голот на Лидс направи деветнаесетгодишниот Французин Илан Мелие кој доби шанса поради отсуството на Кико Касиља. Имено, Шпанецот доби суспензија од осум натпревари поради расистички навреди кон Џонатан Леко – играчот на Чарлтон.
За Лидс, ова е четврта последователна победа за предност од осум поени и натпревар повеќе во однос на третопласираниот Фулам. Хал го запиша третиот пораз во низа и останува на седумнаесеттото место на табелата.



