Екипите на Брајтон и Кристал Палас го одиграа првиот натпревар од саботната програма на Премиер Лигата. Исто така, овие две екипи имаат исклучително ривалство за кое можете да прочитате повеќе на следниот линк: https://www.javisejuzna.mk/?p=67138&fbclid=IwAR21wKnVvJ-xexWeoetAjosGwoEn5jKvOPaRoLlLtlOHkmjSa9tiVviCeGU
Двете екипи го одиграа вкупно 104. меѓусебен натпревар, што воедно беше и јубилеен за Рој Хоџсон, тренерот на Кристал Палас, кој го водеше својот тим по стоти пат во Премиер лигата. Натпреварот заврши со победа на Палас од 0-1 благодарение на голот на Џордан Ају во седумдесетата минута. Освен Ају, најважен играч за Палас на овој натпревар беше и голманот Висенте Хуаита кој забележа осум неверојатни одбрани. За Палас, ова беше вкупно шеснаесетти меч сезонава кој по првото полувреме заврши со 0-0. Брајтон останува единствен тим од Премиер Лигата кој нема победа во 2020 – последната победа на „Галебите“ датира од 28 декември 2019 кога на домашен терен славеа со 2-0 против Барнмут. Брајтон, исто така, го доживеа и првиот домашен пораз после 21 декември 2019 кога загуби со 0-1 од Шефилд Јунајтед.
Со оваа победа, Палас „скокна“ до дванаесеттото место на табелата, а Брајтон е три позиции подоле со заостаток од осум поени во однос на денешниот соперник.



