Синоќа, во рамките на 35. коло од Чемпионшип, се соочија екипите на Рединг и Виган. Виган дојде до исклучително важна победа од 0-3, но еден од најважните играчи на тимот, Чеј Данкли, заработи повреда што ќе го држи надвор од терените на засега неодреден период. Виган на полувремето замина со предност од 0-1 благодарение на голот на Кифер Мур. Токму голот на Велшанецот ќе остане запаметен поради својата автентичност – постигнат е со пета. За него, ова е втор гол со пета во последните три натпревари. Во вториот дел, Виган постигна уште два погодоци преку Џамал Лав и Мајкл Џејкобс.
Со оваа победа, Виган сè уште е во ,,црвената зона”, но е израмнет на поени со ,,сигурниот” Мидлсброу. Рединг останува на шеснаесеттото место кое засега изгледа незагрозено.



