Екипата на Торонто Мејпл Лифс направи позитивно изненадување за своите навивачи откако, неочекувано, со 3-4, ја совлада фаворизираната екипа на Тампа Беј Лајтнинг. Претставниците на Канада, сите четири гола ги постигнаа во првите две третини, а стрелци беа Џон Таварес (2), Џејк Мазин и Вилијам Ниландер. Голот на Ниландер, постигнат со неверојатна техника, дефинитивно ќе биде главен претендент за „гол на неделата“. Тампа Беј постигна по еден гол во секоја третина односно Никита Кучеров во првата, Патрик Марун во втората и Јани Гурд во третата третина.
За Тампа Беј, ова е трети пораз во низа и прв на домашен терен уште од 20 декември кога во „Амали Арена“ славеа Далас Старс после продолжение со 3-4. Сепак, Лајтнинг се второпласирани на Истокот, додека Торонто е на деветтото место со ист број на поени како осмопласираната екипа на Каролина Хурикејнс.



