Откако Јирген Клоп го презеде кормилото на Ливерпул тимот има огромен прогрес. Германската Бундес лига една од најреспектабилните во Европа.
Напаѓачот на Ред Бул Лајпцинг Тимо Вернер игра во одлична форма и во интервју за германските медиуми напомена дека му причинува задоволство што голем број на екипи се заинтересирани за неговите услуги, а посебно е задоволен од интересот на Ливерпул.
Вернер во меѓудругото напомена дека Јирген Клоп е еден од најдобрите менаџери во светот, а Ливерпул е екипа која се бори на сите фронтови и без размислување би прифатил трансфер во овој англиски гигант.



