Во првенствен натпревар во шпанска Примера, тимот на Барселона убедливо победи со резултст од 5:0 против Еибар и Барса повторно се врати на врвот на табелата.
Погодоците ги постигнаа Лионел Меси со хет-трик во првиот дел, а во второто полувреме повторно Меси прецизно стрелаше и крајниот резултат на 5:0 ги постави бразилецот Артур.
Свое деби за Барселона на ,,Ноу Камп” во 72 минута го имаше данскиот интернационалец Мартин Браитвајт кој што на промоцијата за каталонскиот клуб се посрамоти и беше хит на социјалните мрежи ширум светот.
Брајтвајт има 28-години и има долга листа на клубови во кој настапувал. Во Данска играл за тимовите на Митјиланд и Есбјерг, потоа кариерата ја продолжил во француски Тулус, а од таму направил трансфер во Мидлзбро од Англија, потоа заминал за Шпанија во тимот на Леганес и на крај да заврши во еден од најдобрите светки клубови тимот на Барселона.
Неговото деби беше солидно и покрај тоа што беше под притисок од јавноста и ќе биде џокер од клупата до крајот на првенството и замена за повредениот Луис Суарез и Осман Дембеле.



