Најдобрите светски алпски скијачи, овој викенд се натпреваруваат во познатиот јапонски ски-центар – Јузава Наеба. Овој ски-центар е единствениот во Азија во овогодинешниот календар. Првата трка овде во светскиот куп била оддржана во 1975 и воедно прв пат после 2016. На последното издание во велеслалом, Франција забележа 1-2 победа благодарение на Алексис Пантуро и Матие Февр. На последната трка во слалом славеше Феликс Нојројтер, додека неговиот татко, Кристијан Нојројтер, завршил на подиумот во 1975. Легендарниот Италијанец, Масимилијано Блардоне, во 2016 го забележа својот последен подиум во кариерата токму на оваа патека.
На денешната програма беше натпреварувањето во велеслалом. После првата серија, водечки беше Хенрик Кристоферсен пред Леиф Кристијан Хауген (+0.67) и Марко ОДермат (+0.74). Сепак, големите возбудувања дојдоа во втората серија, Имено, Филип Зубчиќ го имаше најдоброто второ скијање што од дванаесеттата позиција го одведе до самиот врв. За Хрватот, ова е прва победа во кариерата, а воедно и првиот Хрват што славел во светскиот куп освен Ивица Костелиќ. Зубчиќ исто така ѝ ја донесе на Хрватска и првата победа во велеслалом во машка конкуренција. На второто место заврши Марко Одермат (+0.74), а трет беше Томи Форд (+1.07). Во првите десет завршија и Леиф Кристијан Хауген (+1.13), Хенрик Кристоферсен (+1.14), Александер Омот Килде (+1.15), Виктор Муфа-Жанде (+1.16), Тибо Фавро (+1.24), Жан Крањец (+1.31) и Лука де Алипрандини (+1.42).



