Торонто Мејпл Лифс, во домашната „Скошабанк Арена“, ја пречекаа екипата на Питсбург Пенгуинс. Овие две екипи се соочија и пред три дена, а Питсбург победи со 5-2, притоа понижувајќи ги противниците со неверојатните перформанси на ледената плоча. Во меѓувреме, Торонто ја консолидира својата игра и синоќа успеа да се одмазди на најсладок можен начин – со победа од 4-0. Стрелци на головите беа Џејк Мазин, Вилијам Ниландер и Каспери Капанен во втората, како и Зек Хајман во третата третина. Ривалитетот помеѓу двете екипи се покажа и на теренот во моментот кога Каспери Капанен и Џеред МекКен се обидоа да се пресметат физички.
На овој начин, Торонто ја прекина серијата од три победи во низа на Питсбург и успеа да се искачи на деветтата позиција на Истокот, додека Питсбург е третопласиран.



