Вегас Голден Најтс и Тампа Беј Лајтнинг го одиграа дербито на денот во НХЛ. Домаќините од Невада славеа со 5-3 благодарение на головите на Алек Мартинез, Пол Стастни, Марк Стоун, Рајан Ривс и Макс Пачорети. Алек Мартинез дебитираше во дресот на „Златните витези“ после трејдот од ЛА Кингс и го постигна својот дебитантски погодок. За Тампа Беј, два пати погоди Канаѓанецот со македонско потекло, Стивен Стамкос, а Кевин Шатенкирк беше стрелец на првиот погодок на натпреварот.
Со оваа победа (четврта во низа), Вегас изби на четвртото место во Западната конференција, додека Тампа Беј е второпласиран тим на Истокот. Со овој пораз, гостите од Флорида ја прекинаа својата неверојатна серија од единаесет врзани победи.



