Во кипарското првенство во рамките на женската фудбалска лига настапува и репрезентативката Јулија Живиќ која е една од најдобрите во лигата и игра во одлична форма.

На последниот првенствен натпревар Јулија Живиќ сама донесе три бода за својот тим Неа Саламина кој што на домашен терен против Чемпион Јипсона Лимасол постигна два гола за триумф и три бода од 2:1.

Инаку Живиќ во среда има нови клупски обврски каде има Куп натпревар за својот тим. Ако продолжи со одличните настапи на Кипар на лето може да стигне и поатрактивна понуда за нејзините услуги.



