Калгари Флејмс и Чикаго Блекхокс навистина ги бомбардираа мрежите во „Шкошабанк Садлдом“ откако дуелот заврши со неверојатни 4-8 во корист на гостите од Чикаго. За Калгари, по два гола постигнаа Сем Бенет и Елиас Линдхолм, додека во корист на Чикаго, дури седум различни играчи ја затресоа мрежата. Единствен играч што погоди два пати беше Алксандер Ниландер, а по еден гол дадоа Џонатан Тоус, Доминик Кубалик, Брендон Саад, Алекс ДеБринкат, Патрик Кејн и Кирби Дак. За Калгари, ова беше петти последователен пораз на домашен терен, додека Чикаго ја прекина својата лоша серија од пет порази во низа. На табелата, Калгари се наоѓа на седмото, а Чикаго на дванаесеттото место во Западната конференција.



