Екипите на Колорадо Аваланш и Лос Анџелес Кингс се соочија во надворешен дуел под отворениот покрив на „Фалкон Стадиум“. Иако Колорадо беше поголем фаворит заради домашниот терен и заради позицијата на табелата, сепак запиша пораз со 1-3. Херојот на ЛА Кингс беше Тајлер Тофоли кој ги постигна сите три погодоци за својот тим. Воедно, ова беше и првиот хет-трик во историјата на НХЛ што бил постигнат под отворен покрив. На табелата, Колорадо е третопласиран, а Кингс ја завземаат последната позиција во Западната конференција.



