Крањска Гора е домаќин на натпреварувањата во женска конкуренција во рамките на светскиот куп во алпско скијање за претстојниот викенд. Домаќинството го превзема од соседниот Марибор каде што заради високи температури, немаше можност да се оддржат скијањата. Овој ски-центар прв пат се појавил на календарот во 1976. На 2 февруари 2014, популарната Швеѓанка, Фрида Хансдотер, ја оствари својата прва победа во светскиот куп во слалом токму во Крањска Гора.
На денешната програма беше трката во велеслалом. После првата серија, водечка беше Петра Влхова, пред Алис Робинсон (+0.24) и Мета Хроват (+0.77). Втората серија беше повозбудлива имајќи во предвид дека четири скијачки завршија на подиумот. Мета Хроват и Венди Холденер ја поделија третата позиција (+1.59), а водечките две скијачки ги разменија своите позиции. Имено, до втората победа во кариерата дојде осумнаесетгодишната Алис Робинсон. Младата скијачка од Нов Зеланд имаше предност од 34 стотинки во однос на второпласираната Петра Влхова. Пласманот во првите десет го комплетираа Басино, Робник, Жизен, Брињоне, Ворли и Хектор.



