Њу Јорк Ајландерс и Филаделфија Флаерс одиграа натпревар на серии во кој славеше претставникот на Њу Јорк со 5-3. Најпрво, домаќините поведоа со 3-0 уште во првата третина преку Џош Бејли, Мет Мартин и Џордан Еберле. Во продолжение следуваше серија на гостите од Филаделфија со три постигнати голови и израмнување на резултатот на 3-3. Стрелци за Флаерс беа Тревис Конечни, Роберт Хаг и Шон Кутурие. За конечниот резултат да отиде во полза на Њу Јорк Ајландерс, се погрижија Рајан Пулок и Лео Комаров кои ги постигнаа последните два погодоци во последната минута од натпреварот. Со оваа победа, Ајландерс избија на петтото додека Филаделфија останува на седмото место во Источната конференција.



