Екипата на Портсмут имаше релативно слаб старт на новата сезона во споредба со нејзините амбиции. Сепак, тренерот Кени Џекет успеа да ја консолидира екипата и да поврзи девет победи по ред во сите натпреварувања. Со ова достигнување, тој го постави клупскиот рекорд по бројот на најмногу последователни победи. Последниот пораз на Портсмут датира од 29. декември 2019 кога загубија со 3-1 од МК Донс. Во 2020, единствен натпревар без победа е дуелот со Џилингем одигран на 1. јануари кој заврши со 1-1. Во победничката серија на „сините“ настрадаа: Флитвуд, Волсол, Вимблдон, Болтон, Сканторп, Барнсли, Линколн, Сандерленд и Транмер.
Токму натпреварот со Транмер беше историски за претставниците на Кени Џекет. На „Прентон Парк“ во Биркенхед, Транмер вчера го угости Портсмут во рамките на 32. коло од англиската трета лига. Натпреварот заврши со 0-2, а стрелци беа Шон Рагет и Рајан Вилијамс. Со оваа победа, Портсмут скокна на петтата позиција во лигата воедно имајќи по два односно три натпревари помалку во однос на конкурентите.



