Шкотска и Англија ги одмерија силите во вториот натпревар од второто коло на овогодинешниот Куп на шест нации. Шкотска, на прекрасниот „Марејфилд Стадиум“ во Единбург, ги пречека Англичаните кои во првото коло загубија неочекувано од Франција со 24-17. Слична судбина во првото коло имаше и Шкотска откако беше поразена со 19-12 од Ирска.
Денешниот натпревар беше одбележан со екстремно тврдата игра и релативно малиот број на поени. Единствените поени за Шкотска ги постигна Хастингс преку пенал во 46. и во 85. минута. Од друга страна, Англија беше за нијанса поуспешна – најефикасен играч беше Фарел со вкупно осум постигнати поени. Единственото полагање на натпреварот го постигна Генџ на десет минути пред крајот. Крајниот резултат изнесуваше 6-13 во корист на Англија. Ова е прва победа за Англија над Шкотска на гостински терен уште од 6. февруари 2016 кога славеше со 9-15.
Во наредното коло, Англија ќе ја пречека Ирска, а Шкотска ќе гостува во Италија.



