Андрес Иниеста легендарниот екс фудбалер на Барселона и на Шпанија, освои трофеј во Супер купот на Јапонија со тимот на Висел Кобе.
Овој клуб по пауза од 25 години и пред 51.000 илјади гледачи го совлада на ривалот Јокохама. Во регуларните 90 минути резултатот гласеше 3:3, а победникот беше решен со удари од белата точка.
Висел Кобе дојде до триумф во серија во која што двете екипи промашија девет пенали за на крај победничкиот гол да го постигне Хоатару Јамагучи и европејците во тимот Иниеста и Вермален да се израдуваат на нов трофеј во кариерата.



