Премиер Лигата во пикадо е најпрестижното натпреварување во кое се натпреваруваат десет играчи. Девет од десетте играчи се стандарни во лигата, додека на секое коло се додава по еден различен играч (челенџер). Во овогодинешното издание, вкупно 16. по ред, стандардни играчи се Мајкл Ван Гервен, Иан Рајт, Гервин Прајс, Роб Крос, Мајкл Смит, Гери Андерсон, Дерил Гурни, Нејтан Аспинал и Глен Дурант. Ван Гервен е играчот кој ќе се обиде да ја одбрани титулата. Холанѓанецот, минатата сезона, во финалето го совлада Роб Крос со 11-5. Наградниот фонд изнесува 825 илјади фунти од кои 250 илјади ќе одат на контото на победникот. Целата сезона ќе трае од 6. февруари до 21. мај. Локациите низ кои ќе се оддржуваат натпреварите се: Абердин, Глазгов, Њукасл, Белфаст, Лидс, Манчестер, Ливерпул, Шефилд, Даблин, Нотингем, Бирмингем, Лондон, Кардиф, Ексетер, Ротердам и Берлин.
Првото коло се оддржа синоќа во Абердин. Челенџерот за ова коло беше Шкотланѓанецот Џон Хендерсон. Просечниот број на поени од три стрелки изнесуваше 94.57, а со по четири 180-ки се истакнаа Ван Гервен и Рајт.
Резултатите од натпреварите беа следните:
Мајкл Смит 3-7 Глен Дурант
Гери Андерсон 7-5 Дерил Гурни
Мајкл Ван Гервен 7-5 Питер Рајт
Нејтан Аспинал 7-3 Џон Хендерсон
Гервин Прајс 6-6 Роб Крос



