Австралискиот фудбал е главниот и националниот спорт на Австралија. Во машка конкуренција, се игра со векови, а лигата во женска конкуренција беше естаблирана дури пред четири години. Минатата сезона, шампионки беа Аделаид Краус кои во финалето го совладаа Карлтон Блуз со (10.3) 63-18 (2.6) пред 53,034 гледачи. Минатата година, во лигата имаше десет екипи, а оваа година бројката е зголемена на четиринаесет. Актуелниот вицешампион, Карлтон Блуз, имаше чест да ја отвори новата сезона против тимот на Ричмонд кој дебитира во ова натпреварување. Карлтон доминираше преку цел натпревар и победи со убедливи (2.2) 14-48 (6.12). Ричмонд во првите три четвртини постигна вкупно два поени, а во последната успеа да дојде до два голови. За Карлтон, најубедлива беше третата четвртина што ја доби со резултат 25-0.



