Во дербито во Бундеслигата Магдебург ремизираше против Хановер со резултат од 30:30, а испушти голема можност за триумф затоа што имаа на крајот шест гола предност, но и таква позитива не им беше доволна за победа туку само за реми.
На овој натпревар своја минутажа имаше репрезентативниот бек Филип Кузмановски но најчесто играше во одбрана и немаше можност да ги покаже своите напаѓачки способности, па остана без погодок.
Во останатите натпревари каде што имавме свои македонски преставници, Филип Талески и Мартин Томовски и двајцата загубија на своите настапи.
Филип Талески и неговиот Балинген на домашен терен се поразени од екипата на Лемго со резултат од 29:31, каде што од четири обиди Талески постигна два гола.
Тимот на Лудвисхавен каде што голот го брани Мартин Томовски на домашен терен загуби од фаворитот Фуксе Берлин со резултат од 19:27. Томовски немаше полна минутажа, но сепак успеа да сопре два удари од противниците.



