Во просториите на Фудбалската Федерација на Македонија се изврши ждрепката за 1/4 финалните Куп натпревари. Натпреварите се закажани за 25-ти март со почеток во 14:00 часот, а ќе се игра само еден натпревар.
Во оваа ждрепка најголемо внимание привлекуваат двојките ЖФК Каменица Саса против ЖФК Драгон од Скопје, од прочина што двете екипи оваа сезона се борат за шампионскиот трон во домашното првенство, а веќе во купот ќе се соочат помеѓу себе.
Исто така дерби во купот ќе биде дуелот помеѓу ЖФК Тиверија Струмица и ЖФК Ас Унитед од Струга каде ќе има големо надигрување помеѓу двата клуба и неизвесност кој ќе биде патникот во наредна фаза.
Во преостанатите две двојки ќе се соочат, екипата на ЖФК Деспина која што во Прилеп ќе го пречека младиот тим на ЖФК Топ Гол од Битола, додека ЖФК Истатов на домашен терен ќе го нагости на ЖФК Речица.
Како никогаш досега куп натпреварите ни носат многу возбудувања и без особени фаворити каде може секој со секого да победи и да се пласира во полуфинале.



