Неверојатна завршница на Копа Дел Реј од причина што во 1/4 финалната фаза остана без сите фаворити за трофејот. По елиминацијaта на Севилја и Вилјареал и најголемите фаворити доживееја елиминација.
Реал Мадрид на домашен терен на ,,Сантјаго Бернабе” загуби од Реал Сосиедат со резултат од 3:4 каде што по првиот дел гостите имаа предност од 0:1 со голот на Одегард екс фудбалерот на кралевите.
Во второтo полувреме двоен стрелец беше Исак, а еден гол постигна Мерино, додека за домаќините бразилците Марсело и Родриго се запишаа во листата, а третиот гол го постигна Начо, но само за неизвесна завршница но не и целосен пресврт.
На последниот 1/4 финален натпревар на ,,Сан Мамеш” во Билбао со гол постигнат во последните моменти, Атлетик Билбао стигна до минимална победа, воедно и елиминација на Барселона во оваа фаза од купот. Херој на мечот беше Инаги Вилијамс кој во 93. минута со глава го постигна победничкиот гол за својот тим.