Првиот голман на Интер, Самир Хандановиќ поради повреда на прстот го пропушта следниот првенствен натпревар, а тоа е токму дерби натпреварот против Милан.
Хандановиќ е ден од најдобрите светски голмани и неговото отсуство ќе биде голем хендикеп за ,,Нероаѕурите”, а негова замена ќе биде искусниот 34-годишен резервен голман, Падели кој скоро три години беше постојано на клупата и сега ќе треба да застане помеѓу стативите на супер важниот натпревар. Дали ќе одговори на задачата и предивикот ќе покажат одиграните 90 минути на теренот.



