Францускиот фудбалер Хатем Бен Арфа важеше за голем потенцијал, но како одминува времето се покажува дека проценките биле погрешни.
Фудбалерот играше во ПСЖ и Њукасл, а минатата сезона беше фудбалер на Ница, за овој зимски преоден рок да потпише за шпанскиот прволигаш Ваљадолид.
И токму во овој клуб на самото претставување направи голем скандал, односно одби да ја удри топката со глава само заради да не ја расипе фризурата.
Неговото однесување не наликува на професионален фудбалер кој е посветен на својата работа и кој би се потрудил да ја надогради својата игра, туку мисли само на неговиот имиџ и како да се стигне полесно до пари без поголема мака.
Дали Ваљадолид ќе го задржи подолго во своите редови се зависи од учинокот на Бен Арфа на теренот. А судејќи според промоцијата не му се прогнозира долг престој во клубот.



