понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

(ВИДЕО) НФЛ: Прв трофеј за Канзас Сити после половина век !

Епов Насе ✏️ Епов Насе
февруари 3, 2020
📁 Останато, Спорт
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Вовед, факти, резиме на натпреварот, статистики, видеа … Во кратки црти, сè што ви треба поврзано со Супер Боул натпреварот можете да прочитате во продолжение:

Вовед:
Супер Боул 54 се оддржа во Мајами на „Хард Рок Стадиум” – домот на Мајами Долфинс и Мајами Хурикејнс (колеџ тим за американски фудбал). Ова е вкупно шестиот Супер Боул игран на стадион. Исто така, околу овој стадион ќе се вози трката за големата награда на Мајами во 2021 во рамките на Формула 1 и ќе биде еден од стадионите кадешто ќе се играат натпреварите од светското првенство во фудбал во 2026. Според „Блиц Магазин”, најевтиниот билет изнесувал 5 727 долари, просечниот билет изнесувал 9 590 долари, а најскапиот чинел неверојатни 70 153 долари. Во САД, одговорна платформа за преносот беше Фокс, а цената за рекламен блок од триесет секунди изнесуваше 5,6 милиони долари. За забавата на полувремето, задолжени беа Шакира и Џенифер Лопез, а Деми Ловато ја отпеа националната химна. Во најзначајниот сезонски натпревар, оваа година се соочија Канзас Сити Чифс и Сан Франциско 49ерс. Канзас Сити, на патот до финалето, беше поуспешен од Хјустон Тексанс и Тенеси Титанс, а Сан Франциско мораше да помине преку Минесота Викингс и Грин Беј Пекерс.

Факти:
– Во ниту еден досегашен Супер Боул, двајцата стартни квотербекови немале поголем процент на победени натпревари. Во пресрет на натпреварот, процентот на Гарополо (Сан Франциско) изнесуваше 0.821, а процентот на Махоумс (Kанзас Сити) изнесуваше 0.771. Нивниот заеднички вкупен процент беше 0.794. Претхониот рекорд го поставија Том Брејди (Њу Ингланд Патриотс) и Расел Вилсон (Сиетл Сихокс) во Супер Боул 49 со комбиниран процент од 0.766.
– Џими Гарополо и Патрик Махоумс имаат вкупно 63 стартови во кариерата. Ова е најниската бројка во историјата на Супер Боул.
– Прв пат во Супер Боул се соочија екипи чијашто главна основна боја е црвената. Во овој случај, 49ерс се водеа како гости, па играа со резервната бела опрема.
– Кајл Шанахан (главниот тренер на Сан Франциско) и неговиот татко, Мајк Шанахан, своевремено тренер на Денвер Бронкос, се првиот тандем од татко и син што како главни тренери стигнале до Супер Боул. Мајк Шанахан го предводел Денвер до Супер Боул во 1998 и 1999, а и двата пати излегол како победник.
– Канзас Сити Чифс чекаа на Супер Боул цели педесет години што е најдолг низ во НФЛ. Последниот Супер Боул го одиграле во 1969/70 (Супер Боул 4) кога славеле над Минесота Викингс.
– Емануел Сандерс стана првиот играч што во Супер Боул успеал да прими додавање за три различни екипи – Питсбург Стилерс, Денвер Бронкос и Сан Франциско 49ерс.
– Дибо Самуел (вајд-рисиверот на Сан Франциско) имаше 53 јарди со пробивање во првото полувреме. Ова е рекорд за најголем број на јарди освоени со првобивање во првото полувреме на Супер Боул натпревар од страна на еден вајд-рисивер.
– Ова е четврт Супер Боул што бил изедначен на полувреме (10-10), а прв после Супер Боул 49 во 2015.
– Канзас Сити Чифс е првата екипа во историјата што станала шампион притоа губејќи со над десет поени разлика во секој плејоф натпревар во истата сезона. Во вајлд-кард рундата, губеа со 0-24 од Хјустон Тексанс.
– Освен Чифс, само Њу Ингланд Патриотс во 2017 успеаја да надоместат заостаток од над десет поени во последната четвртина во Супер Боул.
– Патрик Махоумс е најмлад играч (24 години) што освоил МВП награда во регуларната сезона и МВП награда во Супер Боул.

Најдобрата и пресудната акција во натпреварот

Резиме на натпреварот:
Резултатот после првата четвртина изнесуваше 7-3 за Канзас Сити. Најпрво, 49ерс поведоа со филд-голот на Гоулд, а Чифс со неколку одлични акции стигнаа до црвената зона, а тачдаунот го постигна Махоумс со пробивање од еден јард. Втората четвртина започна со пресеченото додавање на Бриланд и нов напад за Чифс кој заврши со филд-гол на Баткер и водство од 10-3. Веќе во наредниот напад резултатот беше израмнет преку тачдаунот наЈушчик.
Во првиот напад од второто полувреме, Сан Франциско стекна предност од 10-13 со вториот филд-гол на Гоулд на натпреварот. Наредниот напад на Чифс заврши со пресечено додавање на Варнер. Пресеченото додавање успеа да му донесе добра стартна позиција на Сан Франциско кои ја зголемија предноста на 10-20 преку пробивањето од еден јард за тачдаун на Мостерт. Следуваше втор напад во низа, во кој додавањето на Махоумс беше пресечено. Овој пат, херојот на 49ерс беше Мур. За Махоумс, ова е првиот после 24 натпревари во кој имал две или повеќе пресечени додавања. Неколку минути подоцна, по неуспешниот напад на Сан Франциско, Тревис Келси постигна тачдаун за намалување на предноста на 17-20. На овој тачдаун му претходеше најубавата акција на натпреварот – „бомба” од педесет јарди упатена од Махоумс кон Хил. Чифс стигнаа до пресврт во нивниот нареден напад, откако 49ерс беа принудени да ја пантаат топката. Својот десетти тачдаун во плејофот го постигна Демиен Вилијамс за резултат од 24-20. Со ова поентирање, Вилијамс стана третиот активен играч со најмногу тачдауни во плејофот после Лери Фитзџералд и Маршон Линч. Вилијамс додаде уште еден тачдаун на своето конто на минута ипол до крајот поставувајќи го крајниот резултат од 31-20. Последниот напад на 49ерс заврши со пресечено додавање од страна на Фулер кој го завери првиот шампионски наслов на Канзас Сити Чифс после цели педесет години !

Тимски статистики:
Вкупно освоени јарди: Kанзас Cити – 397 ; Сан Франциско – 351
Освоени јарди со додавање: Канзас Сити – 268 ; Сан Франциско – 210
Освоени јарди со пробивање: Канзас Сити – 129 ; Сан Франциско – 141
Дозволени секови: Kанзас Cити – 4 ; Сан Франциско – 1

Поединечни статистики:
– Патрик Махоумс (KC) – додавања 26/42, 286 јарди освоени со додавање, 9 трчања за 29 јарди, 3 тачдауни, 2 пресечени додавања
– Џими Гарополо (СФ) – додавања 20/31, 221 освоен јард, 1 тачдаун, 2 пресечени додавања
– Дамиен Вилијамс (KC) – 17 трчања за 104 јарди, 4 фаќања за 29 јарди, 2 тачдауни
– Тајрик Хил (KC) – 9 фаќања за 105 јарди
– Семи Воткинс (KC) – 5 фаќања за 98 јарди
– Тревис Келси (KC) – 6 фаќања за 43 јарди, 1 тачдаун
– Рахим Мостерт (СФ) – 12 трчања за 68 јарди, 1 тачдаун
– Дибо Самуел (СФ) – 5 фаќања за 39 јарди, 3 трчања за 53 јарди
– Кајл Јушчик (СФ) – 3 фаќања за 39 јарди, 1 тачдаун
– Емануел Сандерс (СФ) – 3 фаќања за 38 јарди
– Џорџ Китл (СФ) – 4 фаќања за 34 јарди

Tags: Канзас СитиНФЛСан ФранцискоСупер Боул
ShareTweet
Претходна вест

Младите таленти на ФК Еврофудбал 2 стартуваа со зимските подготовки

Следна вест

Хандановиќ го пропушта дербито против Милан

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест

Хандановиќ го пропушта дербито против Милан

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.