Првиот натпревар од денешниот термин од англиската втора лига го одиграа Хал Сити и Брентфорд. Брентфорд славеше со неверојатни 1-5. Голеадата ја отвори Саид Бенрама во 12. минута за водство од 0-1 на Брентфорд, а во 20. минута водството беше зголемено преку автоголот на Рис Бурк. Најбизарниот момент се случи во 29. минута, кога дефанзивецот на Хал, Рајан Тафазоли, уфрли топка од центарот, а неспретната реакција на Давид Раја, голманот на Брентфорд, му овозможи да постигне погодок. Сепак, на крај, голот беше карактеризиран како автогол. Во второто полувреме, на теренот повторно доминираше Брентфорд, кој во 58. минута, преку Оли Воткинс, зголеми на 1-3. До крајот, Саид Бенрама постигна уште два погодоци за да запише хет-трик. Хет-трикот го посвети на својот татко кој неодамна почина.

Хал, во овој дуел беше доста ослабнат имајќи во предвид дека ги продаде двата најклучни играчи – Камил Гросицки и Џеред Боувен. Во последниот ден од преодниот рок, успеа во своите редови да ја доведе ѕвездата на Питерборо, Маркус Медисон, на позајмица до крајот на сезоната. Медисон дебитираше денес во дресот на „Тигрите” и покажа солидни перформанси.



