Дуелот помеѓу Аризона Којотес и ЛА Кингс беше еден од трите синоќешни дуели во НХЛ. Аризона на домашен терен успеа да изгуби од последнопласираната екипа во Западната Конференција со 2-3 преку продолжение. Играч на натпреварот дефинитивно беше Алекс Ијафало, напаѓачот на ЛА Кингс, кој го постигна својот прв-хет трик во кариерата. Првиот гол го постигна уште во првата третина за водство од 0-1. Во втората третина, Аризона преку Ник Шмалц и Кристијан Дворак направи пресврт. Во третата третина, на три минути до крајот, Ијафало израмни на 2-2 и го однесе натпреварот во продолжение кадешто после само 24 секунди и по трет пат го надмудри Адин Хил – голманот на Аризона.
Резултати од останатите два натпревари:
Бафало Сабрес 1-3 Монтреал Канадиенс
Њу Џерси Девилс 5-6 Нешвил Предаторс (после пенали)



