Џордан Синот, фудбалерот кој играше на позајмица во Метлок Таун (седма англиска лига), изминатиот викенд несреќно го загуби животот откако беше нападнат во доцните вечерни часови во трговски центар во Ретфорд. Играчот за врска доби фрактура на черепот што се покажа како колосална повреда што го згасна неговиот живот. Синот беше роден во Бредфорд, а во кариерата има настапувано за Хадерсфилд, Халифакс и Честерфилд. Неговиот татко, Ли Синот, е познат поранешен професионален фудбалер кој играше и за Вотфорд, Кристал Палас и Хадерсфилд. Несреќниот настан доби голем публицитет во Англија, а британските фудбалски клубови одлучија да креираат свој дрес со презимето на Синот и бројот 25 на него.
„ Нашиот драг пријател, Џордан Синот, беше нападнат и почина во болница изминатиот викенд. Во негово сеќавање стапуваме во контакт со што е можно повеќе клубови за да прашаме дали може да донираат дрес со „Синот 25″ напишано на грбот.” – објави на својот Твитер профил Џек Хант – играчот на Бристол Сити и верен пријател на починатиот Џордан Синот.
Сите собрани дресови ќе бидат однесени на погребот на Синот, а истите подоцна ќе бидат донирани. Досега, во оваа иницијатива учествуваа и големи британски клубови како Глазгов Ренџерс, Шефилд Јунајтед, Брајтон, Лидс и Ипсвич.
На следниот Инстаграм профил можете да ги најдете сите досегашни изработени дресови во чест на починатиот фудбалер:



