Сениорската репрезентативка на Македонија Павлинка Пале Николовска заедно со исто така репрезентативката Елена Паневска го засилуваат тимот на ЖФК Каменица Саса кој што тим ќе биде главен фаворит за освојување на шампионската титула во Прва ЖФЛ.
Пале Николовска е екс фудбалерка на Црвена Звезда и настапува на неколку позиции на теренот, додека Паневска игра лев бек и ќе ја дополни таа позиција во тимот и одбраната.



