Македонскиот голгетер во Турција, Адис Јаховиќ се етаблира како еден од најдобрите стрелци во лигата, а овој податок го потврди на денешниот натпревар и дебито за новиот тим на Анталијаспор каде што на гостински терен против Денизлиспор гостите победија со 0:3.
Со овој триумф неговиот тим се оддалечи од зоната за испаѓање, а водечкиот гол го постигна токму Адис Јаховиќ во 27 минута за него вкупно 12-ти погодок во сезоната и се наоѓа на четвртото место на листата на стрелци.