Синоќа започна и 29. коло од Чемпионшип, а истото го отворија два натпревари. Најпрво, во Барнсли, истоимениот тим на домаќините го пречека тимот на Престон кој е во борбата за плејофот. Формата и резултатот од последниот меѓусебен натпревар беа во корист на Престон. Фаворитот ја оправда фаворитската улога победувајќи со 0-3 преку двата погодоци на Баркхуизен и едниот погодок на Џонсон. Сите три гола паднаа во првите 45 минути, а Престон со оваа победа изби на шестото место.
Во другиот натпревар, силите ги одмерија Мидлсброу и Бирмингем. Крајниот резултат изнесуваше 1-1. Статистисчки гледано овој резултат беше најправеден иако поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Пади МекНер, промаши пенал за да го однесе својот тим Мидлсброу во резултатска предност во 23. минута. Четири минути подоцна, Бирмингем го возврати ударот и поведе со 0-1 преку Јуткиевич. Овој резултат беше актуелен сè до 81. минута кога Флечер израмни на 1-1. Со ова реми и двете екипи остануваат на истите позиции – 17. и 18. со 34 односно 35 освоени поени.



