Единствениот денешен натпревар што беше на програмата на НБА се одигра во Далас. Силите ги одмерија Далас Маверикс и ЛА Клиперс. До победата од 107-110 стигнаа гостите од Лос Анџелес кои беа предводени од Каваи Ленард. Минатогодишниот играч на Торонто постигна 36 поени придружени со 11 скокови и 2 асистенции. Од другата страна, сличен учинок имаше и Лука Дончиќ. Словенецот беше само на една асистенција далеку од трипл-дабл, а постигна ист број на поени како Ленард проследени со 10 скока и 9 асистенции. После паузата од десет натпревари, во составот на Маверикс се врати Криштапс Порзингис кој постигна 10 поени, 9 скокови и 1 асистенција. Со овој пораз, Далас ја прекина својата серија од четири победи, а за малерот да биде поголем, се повреди и Канаѓанецот Двајт Пауел. Двете екипи, после овој натпревар, се наоѓаат при врзот на Западната конференција односно на втората и петтата позиција.



