Кристал Палас е првиот тим што доведе искусно засилување за вториот дел од сезоната. Станува збор за напаѓачот на Евертон, Џенк Тосун, кој во редовите на ,,Орлите” е доведен на позајмица до крајот на сезоната. Тосун стана првиот Турчин што го носел дресот на Кристал Палас. 28-годишниот напаѓач потекнува од Франкфурт, а во кариерата има играно за Газијантепспор, Бешикташ и Евертон. Оваа сезона, за Евертон, одигра пет натпревари постигнувајќи еден погодок.
,,Џенк беше доста скаутиран од клубот. Многу сме задоволни што го имаме со нас и ги знаеме квалитетите што може да ги донесе … Тој ќе биде достапен за утрешниот дуел. Многу сум благодарен на Евертон што дозволи ова да се реализира на време. Важно ни е бидејќи сè уште имаме осум повредени играчи.” – изјави Рој Хоџсон, тренерот на Кристал Палас, на прес-конференцијата во пресрет на утрешниот дуел со Арсенал.



