Последниот натпревар од вајлд кард рундата го одиграа Филаделфија Иглс и Сиетл Сихокс. Натпреварот беше полн со извонредни потези, но пред сè доминираше тврдата игра. На полувреме, Сихокс заминаа со предност од 3-10 благодарение на одличната издржливост на Маршон Линч кој се избори за тачдаун. Клучниот момент на натпреварот се случи во втората четвртина кога Карсон Вентз доби незгоден удар и беше приморан да го напушти натпреварот. На негово место дојде резервниот квотербек на Иглс – Џош МекКоун. Во вториот дел, Д.К. Меткалф постигна одличен тачдаун и ја зголеми предноста на Сихокс на 6-17. Сиетл стигна до бројка од седум секови што е најмногу за овој тим во оваа сезона. Тоа се покажа како важен сегмент од статистиката, а играч на натпреварот беше Д.К. Меткалф кој освои 160 јарди. Оваа бројка е најголема помеѓу сите дебитанти во плејоф натпреварите. Во конференциското полуфинале, Сиетл ќе гостува во Грин Беј.



